Солени мафини Капрезе

Познатата салата Капрезе претставува многу популарна, силно ароматична и исклучително вкусна композиција од домати, сирење моцарела, масло и босилек. Нашата пријателка Диана на нејзиниот блог Trydiani, состојките на оваа салата ни ги претстави во интересна верзија како солени мафини Капрезе. Одлично изгледаат и вреди да ги пробаме!

солени мафини капрезе

Состојки:

  • 2 ¼ чаши брашно
  • 2 мали лажички прашок за печиво
  • ½ мала лажичка пекарска сода
  • 1 ¼ мала лажичка сол
  • 1 ¼ чаша ајран
  • 2 лажици масло
  • 2 јајца
  • 125 грама моцарела
  • ½ чаша сушени домати
  • 2 супени лажици свеж босилек
  • црн пипер по вкус
  • 6 шери домати за декорација

Подготовка:

  1. Моцарелата исечкајте ја коцки и ставете ја во замрзнувач, за да се намали топењето на сирењето за време на печењето.
  2. Сушените домати исечкајте ги на ситни коцки. Листовите босилек ситно исечкајте ги.
  3. Шери доматите исечете ги на половина.
  4. Рерната загрејте ја на 175 степени. Калапот за мафини премачкате го со масло или путер.
  5. Во длабок сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво, солта и пекарската сода.
  6. Во друг сад изматете ги јајцата, ајранот и маслото. Во садот со јајца, додадете ја смесата со брашно и мешајте со дрвена лажица или шпатула. Во садот додадете ги сушените домати, моцарелата, босилекот и внимателно измешајте.
  7. Тестото ставете го во калап за мафини, а на горната страна од секој мафин ставете шери домати.
  8. Калапот за мафини ставете го во загреената рерна и печете за време од 20 до 25 минути. Печените солени мафини извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат 2 до 3 минути. Потоа извадете ги од калапот и оставете ги целосно да се изладат врз кујнска решетка. На здравје!

Сподели: