куглоф со лимон

Сочен куглоф со лимон

Барате рецепт за сочен и едноставен куглоф? Немате големо искуство за подготовка на десерти, а имате желба да го изненадите семејството со вкусен колач? – Подгответе сочен куглоф со лимон уживајте во вашето утринско кафе или чај.

Мек и воздушест, се топи во уста! Така може да го опишеме овој куглоф. А на ваков опис ретко кој може да остане рамнодушен. Пробајте го куглофот штом ви се пријаде нешто благо, а не сакате комплицирани рецепти со многу состојки. Сѐ што ви треба за неговата подготовка сигурно веќе го имате во вашиот дом. Пробајте го уште во прва прилика и уверете се!

куглоф со лимон

Состојки:

  • 1 чаша путер на собна температура 
  • 2 чаши шеќер
  • 6 јајца
  • 3 чаши брашно
  • ¼ лажичка сода бикарбона
  • 1 чаша павлака со 20% мм
  • ¼ лажичка сол
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • рендана кора од еден лимон
  • 2 лажици свежо цеден сок од лимон 
  • шеќер во прав по желба
  • растопено розово чоколадо по желба.

Подготовка:

  1. Во сад за матење ставете ги путерот и шеќерот. Изматете ги со миксер околу 5-7 минути. Потоа додајте ги јајцата едно по едно и продолжете со матењето додека се добие хомогена смеса.
  2. Во сад измешајте ги брашното, содата бикарбона, ренданата кора од лимон и солта. 
  3. Во мал сад измешајте ги павлаката, сокот од лимон и екстрактот од ванила. Миксерот намалете го на најниската брзина и во садот со јајцата наизменично додајте од брашното и павлаката.  
  4. Вака подготвената смеса ставете ја во претходно намрсен и набрашнет калап за куглоф.
  5. Куглофот печете го во претходно загреана рерна на 160 степени околу 1¼ до 1½ час. 
  6. Печениот куглоф со лимон оставете го во калапот да се излади околу 15 минути, па внимателно извадете го.
  7. Куглофот посипете го со шеќер во прав или украсете го со растопено розово чоколадо и бобинкасто овошје по ваш избор. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Посен чоколаден куглоф со портокал.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: