Сочни грчки ќофтиња

Сите обожаваат ќофтиња. Меки се и сочни, а се прават прилично едноставно. Овој пат ви го презентираме рецептот за сочните грчки ќофтиња, кои може да ги направиш со печење или пржење. Она што ги прави поразлични е додатокот на свежо нане, како и валањето во брашно пред печењето.

А за совршен ручек потребни ти се квалитетно месо и добар рецепт! Рецептот може да го дознаеш подолу, а квалитетно месо набави од месарниците на Агриа или побарај го нивното месо во Рамстор и Тинекс маркетите. 

грчки ќофтиња

Состојки:

Дополнително:

  • ½ чаша брашно
  • 3 лажици маслиново масло
  • Сечкан магдонос за декорација. 

Подготовка:

  1. Кромидот изрендајте го на крупната страна од рендето. Ставете го во голема чинија и додајте ги сите состојки за ќофтињата. Измешајте ја смесата додека состојките се соединат. 
  2. Смесата оставете ја во фрижидер за време од 1 час. Овој чекор ќе ви помогне за полесно обликување на ќофтињата, а истите ќе ја задржат и формата при пржењето. 
  3. Со помош на лажица земајте од смесата и формирајте ќофтиња со рацете. Од наведената смеса ќе добиете 32-35 ќофтиња.
  4. Во тава на оган на средно висока температура ставете го маслото да се загрее. 
  5. Ќофтињата пред пржење извалајте ги во брашно, а потоа ставете ги да се пржат. Пржете ги околу 5-6 минути, додека добијат кафеава боја. Постапката повторете ја додека ги испржите сите ќофтиња. На здравје!

Совети плус:

  • По желба ќофтињата може да ги испечите. Рерната загрејте ја на 180 степени. Тавата намрсете ја и наредете ги ќофтињата. Печете ги за време од 20 минути.
  • Ќофтињата може да ги послужиш со пита за гиро премачкана со ѕаѕики сос или да ги додадеш во салата. 

Може да те интересира: 12 совети за подготовка на ќофтиња од мелено месо.

*Рецептот е поддржан од Агриа.

Сподели: