„Стромболи“ или пица леб 1

„Стромболи“ или пица леб, креативен рецепт од италијанската кујна

Одлична идеја за разни ситуации! За појадок или ако ви се најавиле гости, а можете и да го замрзнете, па да го загреете по потреба. Ова е супер рецепт за познатото италијанско стромболи, или поедноставно кажано превкусен пица леб.

Веднаш штом го здогледавме на блогот на нашата пријателка Лана, ни остави впечаток. Италијаните се познати како народ кој е многу умешен во кујната и креативни обожаватели на печива во разни форми. Несомнено треба да се проба оваа вкуснотија!

„Стромболи“ или пица леб 2

Состојки:

За тесто:

  • 500 гр брашно
  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 1 лажичка сол
  • 3 лажици масло
  • 1 шолја млака вода.

За премачкување:

  • 1 јајце.

За фил:

  • листови шунка по потреба
  • изрендан кашкавал по потреба
  • сечкани печурки по потреба
  • доматен сос за премачкување
  • зачин по желба (оригано, босилек ,магдонос и сл.)

Подготовка:

  1. Квасецот разматете го во половина шолја топла вода, малку шеќер и брашно. Почекајте да се исполни шолјата, односно квасецот да нарасне.
  2. Измешајте го брашното и солта, додајте го припремениот квасец, маслото и млаката вода по потреба, за да замесете меко и мазно тесто. Тестото покријте го со фолија и оставете го да одмори околу 30 минути.
  3. Потоа, од тестото развлечете правоаголна кора и премачкајте ја со сосот од домати.
  4. Додајте го сувиот зачин по желба (на пример оригано) и распоредете ги листовите шунка, изренданиот кашкавал, сечканите печурки.
  5. Тестото завиткајте го во ролат, а краевите малку преклопете ги кон внатре за да не излезе филот при печењето.
  6. Премачкајте со изматеното јајце и одозгора засечете на неколку места. Печете на 200 степени за време од 30-40 минути.

Послужете топло за појадок или понесете го со себе на излет, за секаде го бидува!

Препорака: За фил слободно можете да користе што ќе ви се најде при рака или во фрижидерот. Одлично е и со кулен, колбаси, пиперки.

Ви препорачуваме да прочитате: Лахмаџун – турска пица.

Сподели: