Ако обожавате да јадете тестени специјалитети со месо, не би можеле да направите подобар избор од испробаниот рецепт за тестенини со ќофтиња од мелено месо кој ни го предлага нашата пријателка од блогот Kuhinjica mignone. Богат вкус на месо во сос и чувство на полн стомак!

Состојки:
- 350 гр тестенини
- 200 гр мелено месо (свинско, пилешко, мешавина по избор)
- 1 поголемо парче бајат леб
- 1 јајце
- 3 големи зрели домати
- 1 модар патлиџан
- црни маслинки
- 1 чешне лук
- оригано по вкус
- свеж босилек
- лута пиперка
- сол, црн пипер по вкус
- маслиново масло.
Подготовка:
- Најпрво припремете ја смесата за ќофтињата. Лебот натопете го со вода или млеко и исцедете го. Измешајте го меленото месо и лебот, а потоа додајте го и јајцето, посолете и наросете со црн пипер. Направете мали ќофтиња.
- Модриот патлиџан прво исечете го на кругови со дебелина од половина сантиметар, малку запржете го, а потоа исечете ги парчињата на лентички.
- Доматите кратко потопете ги во врела вода и отстранете ја лушпата. Извадете го семето и исечете ги на коцки.
- Претходно припремените ќофтиња пропржете ги во малку масло од сите страни, па додајте го ситно сечканиот лук и исечканиот домат. Посолете и кратко динстајте така што повремено ќе долевате по малку вода по потреба.
- Додајте ги лентичките модар патлиџан, маслинкитр и малку лута пиперка.
- На крај, зачинете со оригано и свеж босилек и сервирајте заедно со варените и исцедени тестенини.
Добар апетит!