Може уште да го наречеме здраво топло чоколадо! Меко ќебе, пријатно друштво и топло чоколадно смуди кое ги грее рацете и срцето – дефиниција за совршен есенски и зимски ден! Можете на прсти да ги наброите луѓето или локалите кои знаат да подготват совршено слатко и густо чоколадно задоволство на кое буквално ќе се навлечете.
Сè што ви треба за да ја реализирате оваа чоколадна фантазија се најдобрите пријатели или партнерот и овие неколку здрави состојки.

Состојки:
- 1 ¼ чаша (300 мл) бадемово млеко
- 1 мала лажичка путер од јаткасти плодови или чоколаден чипс
- 1 мала лажица јаворов сируп (во замена може да користите мед)
- ½ чаша овесни снегулки
- 2 мали лажички какао во прав
- ½ лажица екстракт од ванила.
Подготовка:
- Сите состојки (освен чоколадниот чипс доколку го користите) ставете ги во длабок сад и измешајте ги со лажица додека се добие хомогена смеса.
- Чоколадното смуди покријте го со капак или со најлонска фолија. Оставете го фрижидерот за време од 3 часа, а најдобро е преку ноќ. Овој чекор не е неопходен, но овозможува овесот полесно да се блендира со што се добива покремасто смуди.
- Потоа, чоколадното смуди ставете го во блендер и миксирајте го на силно, додека овесот се хомогенизира и се добие посакуваната кремаста конзистенција.
- Смудито префрлете го во мало тенџере на оган на средна температура. Доколку користите чоколаден чипс, додајте го сега. Мешајте додека смудито зоврие или ја достигне посакуваната температура. Доколку смудито е премногу густо, додајте бадемово млеко.
- Штом смудито ја достигне посакуваната температура, тенџерето тргнете го од огнот. Топлото чоколадно смуди турете го во шолји, гарнирајте го по желба и уживајте!
Ви предлагаме да прочитате: Освежително смуди од боровинки и јогурт.