„Ако често пати се прашувате што брзо, плус хранливо и вкусно да јадете, рецептов кој ви го предлагам за тортилја ролничка ќе ви биде прв одговор секогаш, исто како и нам дома, особено за вечера! Ова е еден од покреативните начини кои мајките со мали деца можат да го користат за им „подметнат“ на свиоите најмили вкусни и хранливи материи. Наредно ќе ви кажам и за уште една варијација на вкус која ја обожаваме, а ќе ве очекувам со сликички, кометари и нови идеи за филови и од вас.“ – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.

Состојки за една тортилја ролничка:
- интегрална тортилја
- 2 јајца
- 2 печени кинати пиперки
- 2- 3 лажици фета или друго бело сирење
- путер по потреба.
Подготовка:
- Во тавче на средна температура ставете малку путер (околу 1 лажичка) на средна температура.
- Штом се стопи ставете ја тортилјата да се потпече, а по 1 минута додајте ги прво матените јајца и потоа распоредете од останатите состојки.
- Штом се запече, почнете да ролате со кратки паузи, на неколку пати. Сечете на половина или на помали парчиња. Идеално лесно и совршено вкусно, нели? – На здравје!
Препорака од авторот:
Ако ви се допадна рецептот, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:
- Instagram:@katerina.shambevska
- Facebook: Katerina Sambevska Spasenovska.
Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Јадење за 5 минути – тостирана тортилја со биено сирење.