Заедно ги дегустираме и споделуваме најубавите рецепти! Овој пат правиме брзо мезе – филован багет со мелено месо. Комбинацијата на свежи состојки, како што се кромидот, доматот и копарот, го збогатуваат вкусот, а кашкавалот додава кремаста текстура. Предобро!
Подготовката е брза и лесна, па може секој да ја направи. Гарантираме дека ќе биде дел од вашите омилени рецепти.
Состојки:
- ½ главица кромид
- 1 лажица путер
- 400 г мелено месо од Агриа
- Сол по вкус и црн пипер по вкус
- 3 домати
- Сечкан свеж копар или магдонос
- 1 чешне лук
- 100 г кашкавал или пармезан по избор
- 1 француски багет.
Подготовка:
- Кромидот ситно исечкајте го.
- Загрејте тава на средна висока температура и додајте малку путер.
- Во загреаната тава, ставете го исечканиот кромид и пропржете го 2-3 минути.
- Во тавата додајте го меленото месо, зачинете го со сол и мелен црн пипер. Пропржете го.
- Еден домат исечкајте го на коцки. Лукот ситно исечкајте го.
- Штом месото се запржи, додајте ги доматот, лукот и копарот. Пржете го филот за време од 10 минути.
- Багетот пресечете го на половина. Извадете ја внатрешноста на лебот.
- Кашкавалот изрендајте го на крупната страна од рендето. Половина од кашкавалот ставете го во длабок сад и додајте го филот со меленото месо. Измешајте ги состојките и наполнете го багетот.
- Преостанатите два домати исчекајте ги на тенки ленти. Наредете ги врз багетот. Врз нив додајте го преостанатиот кашкавал.
- Печете ги багетите во загреана рерна на 180℃ околу 10 минути, додека кашкавалот се растопи. По желба декорирајте со ситно сечкани краставички или магдонос. На здравје!
Инфо плус:
Месото од Агриа може да се најде во нивните месарници ширум земјата, како и во Тинекс и Рамстор маркетите. За сите новости и акции:
- посетете ја веб страницата на Агриа
- следете ги на нивната Facebook и Instagram.
Може да те интересира: Чизбургер пица – кулинарска фузија која ќе ве освои!
*Рецептот е овозможен од Агриа.