фритата со тиквички и спанаќ

Фритата со тиквички и спанаќ

Летото е идеално за брзи и лесни рецепти! Инспирирани од италијанската брза кујна, ви приготвивме фантастичната фритата со тиквички и спанаќ.

Идеална е за појадок, а рецептот нуди можности за експериментирање. Наместо спанаќ, може да ставите блитва или друг зеленчук по избор. Како и да ја направите ви гарантираме дека ќе биде вкусна!

фритата со тиквички и спанаќ

Состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 чаша сечкани или рендани тиквички
  • 3 коцки замрзнат спанаќ или ¼ чаша сечкан динстан спанаќ
  • 3 јајца
  • 1 лажица интегрално брашно
  • ½ мала лажичка кромид во прав
  • ½ чаша рендано чедар сирење или сирење по избор
  • ¼ мала лажичка морска сол.

Подготовка:

  1. Рерната приклучете ја да се загрее на 180 степени. Во правоаголна тава ставете хартија за печење.
  2. Во нелеплива тава на оган ставете маслиново масло да се загрее. Додајте ги сечканите тиквички и спанаќ и пржете ги 3 до 4 минути додека зеленчукот омекне.
  3. Во длабок сад изматете ги јајцата со жица за матење и додајте го сирењето, брашното, кромидот и солта. Измешајте и додајте ги пропржените тиквички и измешајте додека смесата се соедини.
  4. Смесата ставете ја во тавата и израмнете. Печете во загреаната рерна за време од 15 до 20 минути, додека фритата порумени.
  5. Готовата фритата со тиквички извадете ја од рерната и оставете ја да се излади. Потоа исечете ја на парчиња и послужете ја. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Брза пита со тиквички и мелено месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: