хумус од цвекло

Хумус од цвекло – посен намаз

Цвеклото е зеленчук кој на сите нас ни е познат по неговите лековити својства. Иако, можеби на многу луѓе не им е омилено поради силниот и карактеристичен вкус, од него може да се направат навистина вкусни јадења и да се искористат сите негови благодати. А баш таков е и рецептот за хумус од цвекло кој е одличен за црниот дроб.

Иако, на почеток можеби не ви звучи баш најпривлечна идејата да направите намаз од цвекло и воопшто не ви звучи вкусно, кога ќе го пробате ќе се уверите во спротивното. А, уште еден мотив плус да го направите уште денес нека ви биде неговата лековитост. Цвеклото е зеленчук кој изобилува со хранливи состојки како растителни влакна, антиоксиданси и супстанции кои го подобруваат здравјето на црниот дроб и процесот на детоксикација на организмот.

хумус од цвекло

Состојки:

  • 2 цвекла со средна големина или 3 помали
  • 1 конзерва леблебии
  • сок од 1 ½ лимон
  • 5 чешниња лук
  • ½ лажичка сол
  • ¼ чаша маслиново масло
  • ¼ чаша вода.

Подготовка:

  1. Во длабок сад со вода, варете го цвеклото околу 40 минути додека омекне.
  2. Потоа, добро исплакнете го со ладна вода, излупете го и исечете го на крупни парчиња.
  3. Лукот добро исчистете го од лушпите.
  4. Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте се додека добиете намаз со кремаста и хомогена структура.
  5. Вака подготвениот намаз послужете го со чипс од зеленчук, оризови галети, крекери или свеж леб. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Зимски лековит сок од зелка, цвекло и целер.

Сподели: