За да се засладиме со идеален вкус време е да пробаме нешто ново! Ви го претставуваме нашиот нов рецепт. Станува збор за познатите цимет ролнички, подготвени во кујната на Се за храна.
Може да ве интересира: Колач со кандирано овошје.
Состојки:
За тесто:
- 400 г брашно
- 3 лажици шеќер
- 100 мл млеко
- 3 лажици путер
- 1 јајце
За фил:
- 3 лажици путер
- 5 лажици цимет
- 200 г кафеав шеќер.
Подготовка:
- Јајцето се мати со шеќерот и путерот, па се додава млекото.
- Во вака подготвената смеса се додава брашното и се замесува меко тесто.
- Од тестото на набрашнета површина се расукува кора во форма на правоаголник.
- Кората се премачкува со путерот и се попрскува со циметот и кафеавиот шеќер.
- Од вака подготвената кора се формира ролат кој се сече на парчиња со дебелина од 1 см.
- Ролничките се редат во плех обложен со хартија за печење.
- Се печат во загреана рерна на 180°С, за време од 25 минути или додека да добијат златножолта боја.
Ви предлагаме да прочитате: Печени крофни со јаболка и цимет.