чиа пудинг со кокос

Чиа пудинг со кокос и спирулина

Време е за вкусен и хранлив појадок или десерт! Направете си здрав чиа пудинг со кокос и спирулина, и започнете го денот полни со енергија и виталност. Ваквиот пудинг е богат со протеини од нашата омилена супер храна – спирулината и чиа семето, со јаглени хидрати и растителни влакна од овошјето и здрави масти од чиа семето и авокадото. На кратко, вкусно волшебство во четири бои сервирано во чаша!

А сега, да ве потсетиме во неколку збора, зошто Hawaiian Spirulina е проверено добар избор за сите нас, од деца до највозрасни и за разни здравствени состојби. Hawaiian Spirulina е супер храна која го прочистува и храни телото, балансира и дава поголема енергија, зајакнува и заштитува, обновува и подмладува. Оваа микроалга содржи извонредна комбинација на бета-каротен, хлорофил, витамини од Б групата, комплетни протеини, ГЛК и изобилство од минерали и ензими. Ги содржи сите есенцијални амино киселини и 28 пати повеќе нетоксично биолошко железо отколку говедскиот црн дроб и 23 пати повеќе од спанаќот, 3 пати повеќе витамин Е од пченичните ‘ркулци, 5 пати повеќе калциум отколку млекото, 4 пати повеќе протеин, споредено со тофу сирењето од соја и 25 пати повеќе бета-каротен од морковот. Се нарекува и кралица на алгите и супер храна за долг живот. А, ако сакате да дознаете како да изберете најдобра и природна спирулина прочитајте тука.

чиа пудинг со кокос и спирулина

Состојки:

  • 5 лажици чиа семе
  • 1 чаша бадемово млеко
  • ½ чаша кокосово млеко
  • 2 мали лажички мед
  • 1 авокадо
  • 1 лажица Hawaiian Spirulina во прав
  • 1 зрела банана
  • 3 лажици овесни снегулки
  • 2 лажици кокосов крем или кисело млеко
  • боровинки или друго свежо овошје за декорација.

Подготовка:

  1. Во подлабок сад ставете 4 лажици чиа семе, млеко и мед. Измешајте ги и оставете ги 30 минути додека семето ја апсорбира течноста.
  2. Во блендер ставете ги авокадото, бананата и Hawaiian Spirulina. Миксирајте додека добиете пире. Во пирето додајте 1 лажица чиа семе и оставете ги 30 минути додека семето ја апсорбира течноста.
  3. Во 2 чаши ставете овесни снегулки, па додајте го пудингот од чиа семе со бадемово млеко. Над него ставете го пудингот од чиа семе со спирулина. На крај додајте изматен кокосов крем или кисело млеко. Декорирајте со свежо овошје и нане. На здравје!
Зелено детокс смуди за побрз метаболизам 3

Информација плус: Hawaiian Spirulina во прав може да ја најдете во сите поголеми аптеки во Македонија. Покрај во прав, таа е достапна во пакувања со различни големини од 200 таблети и 400 таблети од 500 мг. Природно и добро за здравјето! Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс или да се јавите на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 и да ги нарачате директно на ваша адреса, со бесплатна достава.

Ви предлагаме да прочитате: Здрав хранлив појадок – чиа пудинг со спирулина и авокадо.

*Спонзориран рецепт

Сподели: