Направен со многу љубов и најдобрите состојки. За вкусни радости на сите кои ќе пробаат! Рецептот за овој чоколаден колач е многу лесен и едноставен, а сепак ќе добиете вкусен десерт. Вреди да се проба!
За обожавателите на слатки задоволства го препорачуваме овој чоколаден колач. Веруваме дека ќе им се допадне на сите.
Може да ве интересира: Колач со кандирано овошје.

Состојки:
- 150 г брашно
- 300 г чоколадо за готвење
- 100 г шеќер
- 150 г путер
- 4 јајца
- 30 г мелени бадеми
- 1 ќесичка ванилин шеќер
Подготовка:
- Јајцата заедно со шеќерот и ванилата се матат пенесто.
- Се додава омекнатиот путер и 150 г од растопеното чоколадо.
- Сè убаво се меша, па се додава брашното.
- На крај, се додаваат мелените бадеми.
- Смесата се става во коцкеста тепсија подмачкана и набрашнета.
- Се пече во загреана рерна на 200°С, околу 25 минути.
- Откако ќе се испече, се премачкува со преостанатото чоколадо. Се декорира по желба.
Ви препорачуваме да прочитате:Лимон мафини.