Сакате да ги воодушевите гостите со изнвореден десерт, а истовремено да бидете сигурни дека на крајот сѐ ќе излезе како што треба? – Имаме совршен рецепт за вас! Направете им врвно чоколадно искуство, нека пробаат чоколаден куглоф со чоколадна глазура! Богат вкус за превкусни моменти!
Куглофот е колач што традиционално се подготвува низ целиот свет. Лесно е да се направи, а поради формата изгледа многу убаво на трпезата. Еве рецепт кој се топи во уста!

Состојки:
- 2 ¼ чаша брашно
- 1 лажица сода бикарбона од Витаминка
- ¼ чаша какао од Витаминка
- 1 чаша путер
- 250 г крем сирење
- 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
- 2 чаши шеќер
- 150 г стопена Синтагма какао крем за торти од Витаминка
- 5 јајца
- Брилијант масло за премачкување.
За прелив:
- 200 г Синтагма какао крем за торти
- ¼ чаша слатка павлака
- 1 лажица путер.
Подготовка:
- Вклучете ја рерната да се загрева на 170 степени и премачкајте го калапот за куглоф со масло.
- Во сад измешајте ги брашното, сода бикарбоната и какаото.
- Во друг сад, со миксер изматете ги крем сирењето и путерот додека добиете кремаста смеса.
- Потоа додајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Матете додека шеќерот се растопи.
- Чоколадо растопете го на пареа и додајте го во смесата.
- Додавајте ги и јајцата едно по едно. Убаво изматете.
- Во течната смеса, ставете ги сувите состојки – смесата со брашното, па измешајте со миксер или жица за матење.
- Подготвената смеса ставете ја во калапот за куглоф. Печете во загреаната рерна за време од 45-60 минути.
- Печениот колач оставате го да се излади.
- Во сад на пареа, ставете го чоколадото да се стопи и без да го тргните од шпоретот, во садот со чоколадото додајте ги слатката павлака и путерот. Мешајте додека состојките се соединат.
- Топлата чоколадна глазура распоредете ја врз изладениот чоколаден куглоф и по желба украсете дополнително. Уживајте во светот на вкусовите!
Ви препорачуваме да прочитате: Чоколаден посен куглоф со мармалад.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.