Сигурно овие чоколадни палачинки ви го привлекоа вниманието, па тука сте да го дознаете рецептот. А состојките во него се едноставни и најверојатно ги имате во кујната.
Убавите чоколадни палачинки со рум и цимет ни доаѓаат од блогот Trydiani, на предлог на нашата пријателка Диана. Испробани се и вкусни, па штом ви се каснува нешто благо, направете ги и почестете го семејството.

Состојки:
- 2 јајца
- 50 грама путер
- 50 грама темно чоколадо
- 1 чаша млеко
- 1 лажица какао
- 5 лажици шеќер
- 1 до 1 ½ чаша брашно
- ½ чаша газирана вода
- ½ мала лажичка канела
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- арома на рум по вкус.
Подготовка:
- Во тенџере на умерена температура се затоплуваат млекото, путерот, шеќерот, какаото и чоколадото. Смесата се меша со лажица додека путерот и чоколадото се растопат.
- Потоа, смесата се остава да се излади и со постојано матење се додаваат двете јајца.
- Во садот се додава брашното и газираната вода, и се продолжува со матење. Количината на брашно и газирана вода може да варираат до добивање на посакуваната густина на смесата.
- Во чоколадна смеса се додава канела, ванила и арома на рум.
- Палачинките се печат во загреана нелеплива тава на оган, на умерена температура од двете страни. Се поставуваат во чинија, а помеѓу нив се става хартија за печење за да не се залепат. Се служат со фил по желба.
Ви предлагаме да прочитате: Палачинки со чоколаден крем.