Време е за ново гурманско доживување! Нашите пријатели од Алфа Плам со задоволство ни споделуваат еден одличен рецепт за ѓувеч со тарана и пилешко месо. Тие велат: „Да дојдеш во Врање и да не пробаш тарана е непоправлива загубa. Тараната може да се подготви на неколку начини, со или без месо. Традиционално, ѓувеч со тарана се подготвуваше во времето на берење грозје. “
Овој супер рецепт за ѓувеч со тарана и пилешко месо сигурно ќе го обожавате, а се подготвува за кратко време. Во продолжение погледнете кои состојки ви се потребни и не пропуштајте да го пробате ова старинско традиционално јадење.

Состојки:
- 500 г домашна таранa
- 500 г пилешко месо
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 1 чаша доматен сос
- масло
- сол по вкус.
Подготовка:
- Тараната ставете ја во сад на оган и така без масло кратко пропржете ја додека добие светло кафеава боја.
- Пилешкото месо исечете го на коцки. Кромидот и морковот ситно исечкајте ги. Ставете ги во претходно загреано масло и пропржете ги. Додајте од доматниот сос и малку вода. Варете додека месото омекне.
- Потоа, додајте ја тараната, посолете по вкус и варете уште неколку минути на пониска температура.
- Целата смеса префрлете ја во глинен сад и ставете ја да се печи во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути.
- Ѓувечот послужете го додека е топол и уживајте во фантастичниот вкус. На здравје!
Совет плус:
- За најдобар вкус, јадењето послужете го со топол, по можност домашен леб, со крцкава кора.
Наша препорака:
Сигурни сме дека ви се допадна овој интересен рецепт кој доаѓа од ризницата на нашите пријатели од Алфа-Плам и сакате да го подготвите што поскоро. Но, за да го доловите вкусот на ѓувечот со тарана и пилешко месо во вашиот дом најдобро е да го печете во шпорет на дрва. Дали знаете дека освен шпорети со електрична и комбинирана програма, широката палета на производи од Алфа Плам нуди и разни модели на шпорети на дрва? – Разгледајте ги нивните производи на нивната веб-страница од каде што може и да нарачате шпорет по ваш избор. А за сите новости следете ги на нивните фан страници на Facebook и Instagram. Уживајте во готвењето со Алфа-Плам!

Ви предлагаме да прочитате: Јагнешка капама со спанаќ.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.