Брза лисната пита со праз и сирење

Без месење ќе добиете многу вкусна лисната пита со праз и сирење. Речиси сите ги обожаваат питите со праз и сирење, па затоа имаме многу лесен рецепт.

Од кујната на Катерина ни доаѓа супер рецепт за брза лисната пита со праз. Вкусот е одличен и вреди да се проба.

лисната пита со праз

Состојки:

  • 1 (265гр) готово округло лиснато тесто
  • 2 јајца
  • 5 лажици млеко
  • 150 гр. сирење
  • 1 поголем страк праз
  • по потреба сол, црн пипер и маслиново масло.

Подготовка:

  1. Празот исечкајте го на тенки кругови. Во нелеплива тава на оган ставете маслиново масло да се загрее. Во загреаното масло додајте го сечканиот праз. Пропржете го додека празот омекне. По потреба додајте малку вода за да омекне.
  2. Кон крајот од пржењето посолете и зачинете со мелен црн пипер.
  3. Откако празот ќе омекне тргнете ја тавата од оган.
  4. Сирењето исечете го на мали коцки.
  5. Во длабок сад ставете ги јајцата и млеко. Изматете ги со жица за матење.
  6. Во садот со јајцата додајте го пропржениот праз и сирењето. Измешајте убаво.
  7. Во тава за печење ставете го лиснатото тесто. Избоцкајте го со виљушка на повеќе места и ставете ја смесата со праз.
  8. Од крајните делови на лиснатото формирајте витки.
  9. Тавата ставете ја да се пече во загреена рерна на 180 степени за време од 40 минути.
  10. Откако питата ќе се испече оставете ја малку да се олади. Готовата пита со праз послужете ја додека е топла со чаша јогурт. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Италијанска посна интегрална пита (пјадина) со праз.

Сподели: