густи сок од дуњи

Густи сок од дуњи

Сочувајте го најдоброто од есента и спакувајте ги есенските вкусови во шише, така што ќе си направите вкусен сок од дуњи. Дуњите ги имаме во изобилство, па жално е истите да не се искористат. Од нив може да се направат вкусни џемови, мармалади и сокови. Прекрасен рецепт за густи сок од дуњи и тоа без конзерванси ни доаѓа од кујната на Лана.

Се подготвува многу едноставно и нема да ви одземе многу време, а ќе добиете многу вкусен сок од дуњи во кој ќе може да уживате во текот на зимските денови. Бојата на сокот може да биде од жолта до портокалова, а вкусот е фантастично добар. Нема ништо поубаво од снежни зимски денови, топол дом и чаша вкусен домашен густ сок.

сок од дуњи

Состојки:

  • 3 кг дуњи
  • 6 л вода
  • 1 кг шеќер
  • лимонов сок по вкус.

Подготовка:

  1. Дуњите темелно измијте ги, излупете ги и исечете ги на коцки.
  2. Прелијте ги со малку вода и варете ги околу 20-30 минути, додека омекнат.
  3. Потоа, омекнатите дуњи испасирајте ги со помош на рачен блендер заедно со водата во која се вареа.
  4. Во пирето од дуњи додајте 6 л вода, шеќер и лимонов сок по вкус.
  5. Сокот од дуњи варете го уште неколку минути за да се растопи шеќерот.
  6. Готовиот сок соберете го во чисти, топли и стерилизирани шишиња. Шишињата добро затворете ги, замотајте ги во ќебе и оставете ги да се изладат за време на ноќта.
  7. Пред употреба шишињата добро протресете ги, бидејќи сокот е густ и истиот може да се сталожи на дното.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен и природен густи сок од тиква.

Сподели: