крем супа од тиквичка

Домашна крем супа од тиквичка

Нареден пат кога во фрижидерот ќе имате парче тиквичка со кое не знаете што да правите, сетете се на овој рецепт и искористете го. За среќа, тиквичките ги имаме преку целата година, а рецептите со нив се добредојдени. Па, пробајте ја оваа вкусна и хранлива домашна крем супа од тиквичка, која ќе ве освежи во било која сезона.

Иако е лето тоа не значи дека треба да ги избегнуваме топлите супи и течните јадења. Тие освежуваат, а ги препорачуваме за секој ден.

крем супа од тиквичка

 Состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици путер
  • 1 помала главица црвен кромид
  • сол и црн пипер по вкус
  • 2 чешниња лук
  • 900 г тиквичка
  • 4 чаши пилешки бујон
  • ½ чаша бело вино
  • 3 лажици ситно сечкан власец
  • 6 парчиња леб
  • 1 чешне лук за премачкување на лебот
  • неутрална павлака, рендано сирење, мајчина душица за сервирање.

Подготовка:

  1. Во длабок сад на оган ставете ги маслото и путерот. Штом путерот се растопи во садот додајте го ситно сечканиот црвен кромид.
  2. Кромидот динстувајте го додека омекне, па додајте го ситно сечканиот лук. Продолжете со динстување уште 1 минута.
  3. Тиквичката темелно измијте ја, излупете ја и исечете ја на парчиња.
  4. Сечканата тиквичка додајте ја во садот со кромид и динстувајте ја околу 10 минути. Потоа додајте ги пилешкиот бујон, виното и власецот. Покријте го садот со капак и варете го зеленчукот 10 минути.
  5. Откако ќе се сварат тиквичките, изблендирајте ја супата со помош на рачен блендер, па варете ја уште неколку минути. Посолете и зачинете со црн пипер по вкус.
  6. Парчињата леб премачкајте ги со маслиново масло и ставете ги во шпорет на грил програма за кратко да се истостираат. Додека лебот е сѐ уште топол премачкајте го со парче лук.
  7. Топлата супа сервирајте ја со неутрална павлка, мајчина душица и рендано сирење по желба. На крај, послужете ја со парче истостиран леб. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате:  Крем супа од моркови.

Сподели: