рецепти за слатко од јаготки

Домашно слатко од јагоди

Едно од омилените летни овошја на многумина се јаготките. Малите, вкусни и слатки црвени јаготки ги сакаат и децата и возрасните. А одличен рецепт за слатко од јагоди ни испрати Клара. Домашното слатко од јагоди е прав избор за засладување кога ќе ви се најават гости, а може да го користите за подготовка на торти и колачи или пак како прелив за овошен сладолед.

слатко од јаготки

Состојки:

  • 1,5 кг јагоди
  • 1,7 кг шеќер
  • 1 ќесичка лимонтуз
  • 0,5 л вода
  • свежо цеден сок од лимон.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ја водата и додајте го лимонтузот. Измешајте добро за да се раствори лимонтузот.
  2. Јагодите исчистете ги, измијте ги и ставете ги во садот со вода и лимонтуз да постојат околу 30 секунди. Потоа јаготките наредете ги во поголемо тенџере, попрскајте го со лимоновиот сок и врз нив ставете шеќер. Постапката повторете ја додека имате јаготки.
  3. Тенџерето со јаготки ставете го фрижидер и оставете го за време од 12 до 15 часа.
  4. Пред варење оставете го тенџерето половина час на собна температура. Потоа ставете го на оган на висока температура.
  5. Штом слатко ќе зоврие, тенџерето тргнете го кратко време од ринглата и намалете ја температурата. Ставете ги јагодите повторно да се варат за време од половина час. Не мешајте го слатко, а повремено доколку почувствувате потреба, кратко протресете го тенџерето.
  6. После половина час, во чинија ставете малку од шербетот и оставете 1 минута да се излади. Доколку шербетот има густина на прелив, тогаш е слаткото од јагоди е готово. Доколку сакате погусто, варете уште 10 минути.
  7. Тргнете го тенџерето од оган, отстранете ја пената, покријте го со влажна кујнска крпа и оставете го 15-тина минути.
  8. Потоа, повторно вратете го тенџерето на рингла. Подесете ја температурата на најсилно и варете додека кратко проклучи.
  9. Повторно, тенџерето тргнете го на страна, извадете ја пената и покријте го со влажна кујнска крпа.
  10. Слаткото од јагоди оставете го така покриено најмалку 6 часа (доколку сте го вареле во тек на денот) или преку ноќ (доколку сте го вареле од вечер).
  11. Во чисти тегли ставете од изладеното слатко од јагоди, така што јаготките да бидат покриени со шербетот. Шербетот кој ќе ви остани, соберете го во посебна тегличка. Ќе можете да го употребите за прелив на палачинки, кремови и слични десерти, или пак едноставно може да го искористите како сируп за растворање на сок.

Рецептот го испратил: Клара Бос

Ви предлагаме да прочитате: Домашен компот од јагоди.

Сподели: