Едноставен рецепт за сочно пилешко месо

Повеќето од нас обожаваат сочно пилешко месо, но често пати во текот на неделата немаме доволно време за подготовка и печење. Па затоа сме во потрага по едноставни и лесни рецепти, кои не одземаат многу време за припрема.

Сега имаме одличен предлог за вас! За кратко време ќе може да уживате во вкусот на крцкаво и сочно пилешко месо, со прекрасна арома на лук, лимон и чили. Вреди да се проба.

сочно пилешко месо

Состојки:

  • 3 парчиња пилешки стек
  • 1 лимони
  • 2 до 4 чесни лук
  • маслиново масло
  • куркума
  • чили во прав
  • оригано
  • сечкан магдонос.

Подготовка:

  1. Чесните лук исчистете ги, а потоа исечкајте ги.
  2. Лимонот добро измијте го, а кората изрендајте ја. Потоа, лимонот исцедете го.
  3. Стекот исечкајте го на коцки или ленти.
  4. Во тава на оган ставете го маслиновото масло да се загрее.
  5. Во загреаното масло ставете го пилешкото месо да се пржи. Штом месото ќе зарумени од долната страна, зачинете го со куркума и чили. По две минути, месото превртете го и оставете го да се пржи и од другата страна.
  6. Потоа, намалете ја температурата и додајте ги лукот, ориганото и кората од лимон. Пржете кратко време, но внимавајте лукот да не загори. На крај, во тавата додајте го сокот од лимон и измешајте.
  7. Прженото сочно пилешко месо сервирајте го во чинија и наросете сечкан магдонос. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Пилешко со кикирики и прилог од ориз.

Сподели: