Летен пинџур со зелени пиперки - макало 1

Летен пинџур со зелени пиперки – макало

Вкусот на летото во чинија! Совршено македонско јадење кое одлично одговара со парче топол леб и сиренце. Мераци! Да си направиме и ние вкусен летен пинџур со зелени пиперки и уште неколку зеленчуци!

А на Бетина, од срце и се заблагодаруваме за прекрасната фотографија и рецептот.

Летен пинџур со зелени пиперки - макало 2

Состојки:

  • 750 г зелени пиперки
  • 4 црвени домати
  • 1 модар патлиџан
  • 1-2 чешниња лук
  • 100 мл масло
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Пиперките, доматите и патлиџанот измијте ги, а потоа испечете ги. Може да ги печете на рингла или во рерна загреана на 180 степени, во тава обложена со хартија за печење, додека да омекнат.
  2. Откако се испечат и изладат, излупете ги и исечкајте ги.
  3. Додајте го и претходно сечканиот лук.
  4. Измешајте добро, а по желба и истолчете.
  5. Посолете по вкус и промешајте.
  6. На крај, загрејте го маслото и со него попарете го пинџурот. На здравје!

Рецептот го испратилa: B.Kuzevski, zgotvenosoljubov.

Ви препорачуваме да прочитате: Лесен рецепт за летен пинџур.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: