македонски пинџур

Македонски домашен пинџур

Ништо поубаво од домашниот пинџур. И благодариме на Весна која го сподели овој рецепт со нас, за кој таа вели: „ Нашиот пинџур е познат, има многу варијанти, оваа е мојата, многу едноставна. Овој рецепт ми е од старинските, со мала измена, а има можност за замрзнување, и е одличен и потоа, ист како пресниот. Ако имате надвор во двор каде да печете, блазе си ви, ако не, овој рецепт е наменет и погоден токму за дома.“

Количините на состојките се по ваша желба, а соодносот е токму по овој редослед, од најмногу, до најмалку – доматите.

македонски пинџур

Состојки:

Подготовка:

  1. Модрите патлиџани, доматите и пиперките измијте ги убаво и ставете ги во загреена рерна на 200 степени да се печат, а ако имате услови надвор, уште поубаво. Кога дозата е мала, оди побрзо, ставете ги прво модрите патлиџани и пиперките во еден плех, а лутите пиперки и доматите во друг плех. Можете и само во еден плех за проба, уште побрзо, според редоследот на количество. Користете хартија за печење, малку да ви олесни при чистењето на плеховите.
  2. Откако ќе се испечат, затворете ги во ќеси одделно, за полесно да ги излупите. Излупени, ставете ги во цедници одделно и повремено со вилушка само провртете во круг низ цедниците, да им излезе водата. Нема потреба од сечење, мелење, толчење. Кога ќе се исцедат, измешајте ги сите заедно и од таа смеса сега можете да смрзнете, спакувано и поделено во неколку ќесички, тенко сплоснато, за една употреба.
  3. Ако одмрзнете, пинџурот е како свеж, повторно исцедете ја водичката. Потребни се само неколку минути да го пропржите на загреено масло на ринглата.
  4. А таа постапка, неколку минути на рингла, исто ја правите со еден дел од пинџурот, веднаш по спојувањето на состојките во смесата за замрзнување, значи си оставате едно делче веднаш да се доработи и јаде. Во пинџурот додајте толчен лук со сол, масло и толчени ореви. Прелијте со врело масло.
  5. На крај додајте магданос и сол по вкус. Ако се прават конци, погоден е!

За гурманите повеќе масло и луто, одлично е и суви лути везени пиперки. Со бело сиренце, убаво лепче, домашен пинџур, во секое време, свежо направен! Добар апетит!

Рецептот го испратил: Весна Рохр

Сподели: