пржени тиквички со лук

Посни пржени тиквички со прелив од лук

Денеска изненадете ги вашите најблиски со лесен и многу вкусен рецепт за посни пржени тиквички со прелив од лук. Едноставно, брзо и добредојдено за време на пости!  

Постојат голем број на рецепти со тиквички. Печени или пржени, тиквичките се една од омилените летни храни кои често се приготвуваат. А штом се направени со лук имаат екстра вкус. Овој рецепт за посни пржени тиквички може да го послужите како прилог со месо или како главен оброк за време на пости. Наведените состојки се доволни за две лица, а бидејќи се многу вкусни, слободно зголемете ја дозата.

посни пржени тиквички со лук

Состојки:

Подготовка:

  1. Тиквичката исечете ја на тенки кругови.
  2. Секој круг свалкајте го во брашно и пржете ги на загреано масло.
  3. Испржените тиквички извадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот на масло, и додека се топли посолете ги.
  4. Чешнињата лук и магдоносот ситно исечкајте ги.
  5. Во сад ставете ги исечканиот лук, сечканиот магдонос, јаболковата киселина и водата.
  6. Посните пржени тиквички наредете ги во чинија и прелијте ги со сосот од лук. Послужете ги веднаш. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигоровска.

Ви предлагаме да прочитате: Посен намаз од тиквички.

Сподели: