Пченкарна пита со сирење и тиквичка

Нема матење, а и месење! Затоа овој рецепт за вкусната пченкарна пита ни се допадна, па го споделуваме со сите.

Време е за нов рецепт за лесна пченкарна пита со сирење и тиквичка. Благодарение на креативноста на Катерина, сега ќе може да пробаме пита со сирење, тиквичка, павлаката и компири. Звучи вкусно, нели?

пченкарна пита

Состојки:

  • 200 гр пченкарно брашно
  • 200 гр пченично брашно
  • 3 јајца
  • 1 тиквичка
  • 4 компири
  • 1 главица кромид
  • 200 гр кисела павлака
  • 130 гр сирење
  • 1 прашок за пециво
  • по потреба сол и црн пипер.

Подготовка:

  1. Компирите излупете ги.
  2. Во длабок сад изрендајте ги компирите, тиквичката и кромидот.
  3. Додајте ги јајцата и павлаката, и убаво измешајте.
  4. Во друг длабок сад ставете ги пченкарното и пченичното брашно. Измешајте ги и додајте го прашокот за печивото. Повторно измешајте и смесата постепено додавајте ја во садот со ренданата тиквичка и компири.
  5. На крај, додајте го ренданото сирење и зачинете со сол и црн пипер.
  6. Измешајте ја убаво смесата и префрлете ја во правоаголен плех премачкан со масло (димензии 35-45 цм).
  7. Пченкарната пита печете ја во загреана рерна на 200 степени за време од 40 минути.
  8. Откако питата ќе се испече оставете ја малку да се излади, а потоа исечете ја на коцки. Топлата пченкарна пита со сирење и тиквичка послужете ја со јогурт, павлака или кисело млеко по желба. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигоровска.

Ви предлагаме да прочитате: Пченкарен кекс со афион.

Сподели: