рецепт за домашно слатко од цреши

Рецепт за слатко од цреши

Овој период од годината е еден од најубавите, со изобилство од овошје и зеленчук, а со тоа и огромни можности за разни вкусни дегустации. Ви предлагаме да го искористите тоа и да инвестирате малку од своето време за да направите идеален десерт, слатко од цреши!

Нашата драга пријателка од блогот Kuhinjica Mignone со задоволство ни го препорача нејзиниот испробан рецепт за слатко од цреши. На едноставен начин ќе добиете прекрасен десерт кој ќе израдува многумина. Време е за добри нешта!

рецепт за домашно слатко од цреши

Состојки:

  • 1 кг црвени цреши
  • 1 кг шеќер
  • 1 лимон.

Подготовка: 

  1. Црешите најпрво измијте ги и исчистете ги од коските и дршките, па ставете ги во поголем сад за варење и посипете ги со шеќерот. Црешите може да бидат наредени и во два реда, но сепак треба да бидат покриени со шеќер од горната страна.
  2. Оставете ги неколку часа да стојат, а може преку ноќ, за овошјето да пушти сок.
  3. Лимонот добро измијте го и исечете го на кругови, па распоредете ги помеѓу црешите.
  4. Слаткото варете го на средна температура околу 40 минути, додека течноста добие густина на сируп, а црешите станат прозирни. Не грижете се ако сирупот ви изгледа малку редок, откако ќе се излади ќе се згусне дополнително.
  5. Отстранете ја пената која се формира на површината, а слаткото покријте го со влажна платнена крпа и оставете потполно да се излади.
  6. Наредниот ден, домашното слатко од цреши ставете го во чисти тегли и во секоја ставете по 1-2 кругови лимон. Чувајте го на темно и ладно место.

Слаткото од цреши направено на овој начин може да се чува повеќе месеци, а најдобро е да го потрошите до наредната сезона. Уживајте во вкусот, на здравје!

Сподели: