Велигден ни е пред прагот. Традиционално се припрема богата трпеза на која има месо, јајца, козињак, кифлички, торта… За сите оние кои не јадат јагнешко, припремивме листа на најдобри 3 велигденски рецепти со свинско месо.
Разгледајте ги и изебрете го најдобриот рецепт за празниците кои ни доаѓаат.
Бавно печено свинско месо
Прв избор на листата ни е бавното печено свинско месо. Може да се послужи со сос, пире, помфрит, а и да се искористи наредниот ден за вкусни сендвичи. Сочно, меко и со преубава арома! За велигденските празници направи врвен специјалитет. Приготви бавно печено свинско месо кое лесно се дели со виљушка и е превкусно!
Состојки:
- 2 кг свинска плешка или бут од Агриа
- 2 лажици маслиново масло
- 5-6 чешниња лук
- 2 мали лажички сол
- 1½ мала лажица сечкана мајчина душица
- 1 мала лажица сечкан рузмарин
- ½ мала лажица црн пипер.
Подготовката прочитај ја тука: Бавно печено свинско месо.
Филе „Велингтон“ – месо во лиснато тесто со фил од печурки
Фантастичен и декоративен рецепт за велигденската трпеза. Овој популарен рецепт ширум светот се приготвува од печено месо во крцкава кора од лиснато тесто со богат фил од печурки и бело вино.
Веќе ви го привлековме вниманието? Ова е рецепт кој мора да го пробате за време на велигденските празници. За почеток набавете македонско квалитетно свежо свинско месо од Агриа, лиснато тесто и печурки. Следете ги инструкциите и направете го овој вкусен специјалитет!
Состојки:
- 1 свинско филе од Агриа
- 1 главица сечкан кромид
- 250 г сечкани печурки
- 125 мл бело вино
- 500 г лиснато тесто
- 8 ленти пршута или салама
- сенф по потреба
- 1 јајце
- масло по потреба
- сол и црн пипер.
Подготовката прочитај ја тука: Филе „Велингтон“ – месо во лиснато тесто со фил од печурки.
Специјалитет од мелено месо во рерна – свечен ролат
Може да го послужите како главно јадење или како мезе за пријателите. Во секој случај трпезата ќе изгледа преубаво, а чиниите многу брзо ќе се испразнат. Овој специјалитет од мелено месо во рерна особено ќе ги воодушеви љубителите на месо и месни ролати, но и сите оние кои уживаат во добрата храна со полн вкус. Па, кога не знаете што да направите за мезе, ручек или богата вечера, ви предлагаме да го пробате овој рецепт.
Состојки:
- 1,5 кг мешано мелено месо од Агриа
- 1/2 чаша сечкан целер
- 3 моркови
- 1 црвена пиперка
- 2 парчиња леб (натопени во вода)
- 1 лажица мешан зачин
- сол и црн пипер по вкус
- 1 лажичка сув босилек
- 1,5 лажичка мелена црвена пипер
- 1,5 лажичка сув магдонос
- 1,5 лажичка лук во прав
- 4 лажички ситно сечкан кромид
- 2 јајца.
Подготовката прочитај ја на линкот – Специјалитет од мелено месо во рерна – свечен ролат.
Уживај во празниците со домашно и квалитетно месо. Посети ги месарниците на Агриа во Битола, Штип и Велес или побарај го нивното месо во Тинекс и Рамстор маркетите. Среќни празници!
Може да те интересира: Празничен терин – ролат со мелено месо и фстаци.
*Рецептите се овозможени од Агриа.