Посните јадења и печива често се приготвуваат, па секогаш се добредојдени нови предлози за рецепти. А нам најомилени ни се посните кифлички кои се приготвени со фил. Филот може да се направи на различни начини, со печурки, спанаќ, маслинки, кисели краставички… Сепак, важно е да се погоди рецептот за да немате грижи дали јадењето ќе испадне добро или не. За да ви го олесниме изборот, направивме листа на нашите најдобри 8 рецепти за посни кифлички, пирошки и пици со печурки. Печурките ги обожаваме, па еве кои се нашите предлог рецепти.
Посни кифли со фил од печурки и компири
Посно и вкусно за сите љубители на кифлички со фил! Сега имаме испробан рецепт за многу привлечни посни кифлички кои треба да се пробаат. Рецептот за посните кифли со фил од печурки и компири, прочитајте го тука.

Посни триаголници со праз и печурки
Одлично изгледаат, посни се и можат да бидат добар појадок или ужинка во различни ситуации. Па, да видиме како може и ние дома да си направиме посни триаголници со праз и печурки.
Посни пирошки од палачинки со фил од печурки
За љубителите на палачинки и печурки им предлагаме интересен рецепт за похувани посни пирошки, кои ни ги испрати Невена. Овие посни пирошки се идеални за време на пости и одлично се вклопуваат на секоја трпеза. Рецептот нуди можност да бидете креативни и да направете фил по ваша желба. Потребните состојки и подготовката, прочитајте ја тука.
Зачинети посни палачинки со печурки
Убаво е кога се истражува во кујната и се дегустираат нови јадења и специјалитети. Овој пат имаме многу вкусен и интересен рецепт за посни палачинки со печурки, кои изгледаат преубаво. Идејата ни доаѓа на предлог од нашата пријателка Диана, а рецептот може да го прочитате тука зачинети посни палачинки со печурки.

Посна пица со туна и печурки
И во деновите на пост, може да уживате во вашето омилено јадење – пицата. Благодарение на Катерина, сега може да си направите вкусна посна пица со туна и печурки. Повелете рецепт за посна пица со туна и печурки.
Посни панцероти со фил од шампињони
Има многу посни јадења, а еден специјалитет кој сигурно ќе ви се допадне се вкусните посни панцероти со фил од шампињони и домати. Пробајте ги, нема да погрешите.
Посни коктел кифлички од лиснато тесто
Еве еден предлог за коктел кифлички од лиснато тесто со посни додатоци, декоративни и погодни за именден, роденден, слава… Рецептот го препорачаме за сите домаќини и домаќинки, кои не сакаат многу време да минуваат во кујната, немаат големо искуство за месење, а сакаат да го изненадат семејството и пријателите. Доколку се ваши фаворити, еве како може да ги направите: Посни коктел кифлички од лиснато тесто.

Посни мини пици
Овие вкусни мини пици се задолжителен дел од нашата посна трпеза за имендени и слави. Ги обожаваат сите и ретко кога остануваат во чиниите. Доколку сте ги пробале на гости и сакате да ги направите дома, прочитајте го рецептот за посните мини пици.
Како ви се допадна колекцијата на избраните рецепти за посни кифлички, пици и пирошки со печурки?
Ви предлагаме да прочитате: 15 најдобри посни рецепти за кифлички, лепчиња и пити.