Хот дог со карамелизиран кромид

Хот дог со карамелизиран кромид – тренд храна во својот дом

Лето, топло време, вкусна храна и вечерни дружби со семејство и пријателите. Што може да биде подобро? – Следната дружба нека биде на тема Street food (улична храна) и највкусниот хот дог со карамелизиран кромид. 

А тајната се крие во карамелизираниот кромид кој го надополнува вкусот и нуди нова гурманска авантура. 

Хот дог со карамелизиран кромид

Состојки:

  • 6 лепчиња за хот дог
  • 6 свински колбаси од Агриа 
  • 6 ленти чадена сланина по желба
  • 25 г путер
  • 2 лажици масло
  • 2 големи главици кромид
  • 1 мала лажичка шеќер
  • Сенф и кечап
  • Лута пиперка по желба.

Подготовка:

  1. Кромидот исечкајте го на листови.
  2. Во голема тава на оган, на средна температура ставете го путерот и додајте 1 лажица масло. Штом путерот се растопи додајте го кромидот и добро измешајте. Пржете го околу 10 минути со повремено мешање. 
  3. Потоа додајте го шеќерот и зголемете ја температурата. Продолжете со пржењето уште 10 до 15 минути со често мешање. 
  4. Колбасите пресечете ги на три – четири места и испечете ги на скара или тостер. По желба, пред печењето обвиткајте си со ленти сланина. 
  5. Лепчињата за хот дог премачкајте ги со масло и кратко потпечете ги од горната страна. Засечете ги на половина (како на сликата). Додајте кечап, сенф, колбаси и карамелизиран кромид. По желба додајте лута пиперка. На здравје!

Совети плус:

  • Во хот догот може да ставите и зеленчуци по желба: свежа или кисела зелка, домат, кисели краставички или кашкавал. 
  • Посети ги месарниците на Агриа (Битола, Штип и Велес) и набави си колбаси во твој вкус. Во нивната палета може да пронајдеш домашни, селски, скараџиски колбаси, како и највкусното македонско свежо свинско месо. Свежото свинско месо е достапно и во Тинекс и Рамстор маркетите. Кога станува збор за свежо месо, Агриа е прв избор!
Хот дог со колбаси - Агриа

Може да те интересира: Полски сендвичи со колбаси.

*Рецептот е овозможен од Агриа.

Сподели: