Први мај без скара не може! А со секоја вкусна скара мора да има и скараџиско макало. Овој пат ти откривам како да направиш вкусна скара и скараџиско макало.
Месото за скара го набавив од месарницата на Агриа, а за овој мај избрав мешана скара – ќебапи, плескавици, увијачи, ребра… Друштвото е собрано, да уживаме во дружбата и гурманското јадење.

Состојки за скара:
- Ќебапи
- Увијачи
- Плескавици
- Ребра
- Ражничи.
За макало:
- 5-6 чешниња лук
- сол по вкус
- ¼ чаша масло
- 1 лажица оцет
- ½ чаша топла вода
- ½ чаша ладна вода
- Магдонос за декорација.
Подготовка:
- Скарата премачкајте ја со масло. Ставете го месото да се пече. Ќебапите и плескавиците печете ги 10 до 15 минути. Ражничите печете ги по 3 до 4 минути од страна.
- Ребрата и увијачите печете ги по 10 до 15 минути од страна.
- Додека месото се пече, пригответе го макалото.
- Чешнињата лук исчекајте ги на 3 – 4 дела и ставете ги во сад за толчете. Додајте малку сол и со толчник толчете ги неколку минути. Потоа додавајте по малку масло така што смесата да наликува на густ крем.
- Откако сте завршиле со толчењето, додајте оцет, па измешајте.
- На крај, на повеќе пати и со повремено мешање, додајте ја водата. По желба додајте сечкан магдонос. Скарата послужете ја со макалото. Подготовката погледни ја на видеото. На здравје!
Совети плус:
- По желба, откако ќе го направите макалото може да додадете и печени лути пиперки.
- За најдобар резултат погледни ги 5-те трикови и совети за сочно месо на скара.
Дали знаеш дека?
Агриа имаат месарници во Велес, Битола и Штип, а нивното месо може да го најдеш во Тинекс и Рамстор маркетите. Набави си месо од Агриа и прослави го Први мај. Македонско, свежо и со најдобар квалитет!

Ти се допадна овој рецепт? Посети ги моите профили и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
*Рецептот е овозможен од Агриа.
