Времето е идеално за вечерни дружби со пријателите и семејството. А она што ги прави дружбите уште подобри се летните вкусни мезиња и тематските вечери. Обожавам да готвам и го прифаќам секој предизвик од најблиските. Овој пат го испробав рецептот за Smash бургер, кој е неверојатно вкусен!
Во последно време овој бургер е тренд на социјалните мрежи, па тоа ми беше инспирација да го приготвам дома. Тајната се крие во начинот на приготвување на плескавиците, па затоа погледнете го и мојот видеорецепт за повеќе детали!

Состојки за 4 бургери:
- 400 г мелено јунешко месо
- Сол и мелен црн пипер
- 4 листови кашкавал
- 4 Jaus лепчиња за хамбургери
- 1 домат
- 1 главица црвен кромид
- 4 листови марула
- 2 кисели краставички.
За бургер сос:
- 8 лажици кечап
- 2 лажици мајонез
- 2 лажици сенф
- 1 мала лажичка кромид во прав
- 2 рендани кисели краставички.

Подготовка:
- Меленото месо зачинете го со сол и мелен црн пипер. Поделете го на 4 дела и оформете топчиња. Ставете ги во фрижидер додека ги подготвувате останатите состојки.
- Доматот, кромидот и киселите краставички исечкајте ги на кругови.
- Загрејте нелеплива тава на силен оган. Ставете едно топче месо во тавата, покријте го со хартија за печење и притиснете го со преса или тежок предмет за да формирате плескавица. Печете 3 до 4 минути од едната страна, потоа превртете и печете уште 2 до 3 минути. На крајот ставете лист кашкавал врз секоја плескавица.
- Плескавиците извадете ги од тавата. Кратко потпечете ги лепчињата од внатрешната страна.
- Во длабок сад пригответе го бургер сосот. Ставете ги сите состојки и измешајте ги.
- На долната половина од лепчето ставете 1 лажица сос, па додајте марула, домат, кромид, плескавица и кисели краставички. По желба додајте парче домат и марула. На горната половина ставете уште 1 лажица бургер сос и поклопете.
- Послужете со помфрит по желба. Погледни ја подготовката на видеото. На здравје!
Препораки:
За подготовката на бугерите користев Jaus лепчиња. Избери ги твоите омилени лепчиња за хамбургери – класични, со сусам, бриош или мега лепчињата наменети за љубителите на големи сендвичи. Заследи ги на Instagram @jaus.mk и погледни ја целата палета на производи.
Разгледај повеќе рецепти и следи ме на:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- TikTok – @marija.kochovska.
Може да те интересира: Крем салата со јајца, кисели краставички и печурки – од кујната на Марија Кочовска.
Рецептот е овозможен од Jaus.
