скара со скараџиско макало

Скара и скараџиско макало од кујната на Марија Кочовска

Први мај без скара не може! А со секоја вкусна скара мора да има и скараџиско макало. Овој пат ти откривам како да направиш вкусна скара и скараџиско макало. 

Месото за скара го набавив од месарницата на Агриа, а за овој мај избрав мешана скара – ќебапи, плескавици, увијачи, ребра… Друштвото е собрано, да уживаме во дружбата и гурманското јадење.

скара и скараџиско макало

Состојки за скара:

  • Ќебапи 
  • Увијачи
  • Плескавици
  • Ребра
  • Ражничи.

За макало:

  • 5-6 чешниња лук
  • сол по вкус
  • ¼ чаша масло
  • 1 лажица оцет
  • ½ чаша топла вода
  • ½ чаша ладна вода
  • Магдонос за декорација.

Подготовка:

  1. Скарата премачкајте ја со масло. Ставете го месото да се пече. Ќебапите и плескавиците печете ги 10 до 15 минути. Ражничите печете ги по 3 до 4 минути од страна. 
  2. Ребрата и увијачите печете ги по 10 до 15 минути од страна. 
  3. Додека месото се пече, пригответе го макалото. 
  4. Чешнињата лук исчекајте ги на 3 – 4 дела и ставете ги во сад за толчете. Додајте малку сол и со толчник толчете ги неколку минути. Потоа додавајте по малку масло така што смесата да наликува на густ крем.
  5. Откако сте завршиле со толчењето, додајте оцет, па измешајте.
  6. На крај, на повеќе пати и со повремено мешање, додајте ја водата. По желба додајте сечкан магдонос. Скарата послужете ја со макалото. Подготовката погледни ја на видеото. На здравје!

Совети плус:

Дали знаеш дека?

Агриа имаат месарници во Велес, Битола и Штип, а нивното месо може да го најдеш во Тинекс и Рамстор маркетите. Набави си месо од Агриа и прослави го Први мај. Македонско, свежо и со најдобар квалитет! 

скара со лого

Ти се допадна овој рецепт? Посети ги моите профили и заследи ме:

*Рецептот е овозможен од Агриа.

Сподели: