Секогаш сакам да експериментирам во кујната и да правам фузија на рецепти. А овој период сите сме во брзање, па така се роди идејата за оваа брза крем салата – руска со сирење. Ем брза, ем вкусна!
Дури и подобра од класичната руска салата, полесна за јадење, па нека биде ваш избор за празниците!

Состојки:
- 1 пакување за руска салата
- 100 г Кораб мешано сирење од Млекара Тетово
- 100 г шункова салама
- 5 кисели краставички
- 200 г Кораб кисела павлака
- 1 лажица мајонез.
За декорација:
- 30 г сирење
- зрна од калинка или сечкан домат по желба.

Подготовка:
- Во тенџере на оган ставете вода да се вари. Додајте ги зеленчуците за руска салата. Варете ги според упатството околу 15 минути. Исцедете ги и оставете ги да се изладат.
- Саламата и киселите краставички исечкајте ги на коцки.
- Сирењето издробете го.
- Во длабока чинија ставете ги зеленчуците, краставичките, саламата и сирењето. Измешајте ги.
- Додајте ги павлаката и мајонезот. Измешајте.
- Во чинија во форма на новогодишно бастунче ставете од салатата. Изрендајте сирење и декорирајте со зрна калинка. По желба може да декорирате и со сечкан домат. Среќни празници!

А со Млекара Тетово ви предлагме уште 3 празнични рецепти за весела трпеза:
- Новогодишна солена елка – ордевер со бомбици од сирење
- Солена елка – крем салата со сирење од кујната на Марија Кочовска
- Брзи кифлички со јогурт и павлака.
Препорака од авторот:
Ти се допадна овој рецепт? Посети ги моите профили и пронајди ја твојата инспирација за подготовка на празнични јадења и десерти. Може да ме следиш на:
- Facebook: Marija Kocovska
- Instagram: @kocovska.marija
*Рецептот е овозможен од Млекара Тетово.
