Имате 1-2 минути слободно време? – Ако одговоривте со „Да“ продолжете со читање и направете супер вкусен, кремаст карамела ликер. Само 3 состојки и 2 минути ве делат од летното супер освежување.
Да, добро прочитавте. Ова е нашиот испробан рецепт за брзиот карамела ликер кој го приготви Марија од нашиот тим. По вкусот потсетува на популарниот пијалок Бејлис, па го прогласуваме за летен рецепт број 1 кој мора да се проба!

Состојки:
- 1 чаша Twister прелив со вкус на карамела
- 1 чаша вотка (бел рум или ракија по избор)
- ½ чаша слатка павлака.
Подготовка:
- Во стаклено шише ставете ги преливот со вкус на карамела, вотката и слатката павлака. Затворете го со капак и измешајте добро.
- Ликерот чувајте го во фрижидер. Послужете го со коцки мраз по желба. Уживајте во светот на вкусовите!

Препорака од авторот:
Што има поубаво од лето, топло време и чаша ладен ликер? Обожавам домашни ликери, па често испробувам најразлични рецепти. Ликерот со карамели ми е еден од омилените, па овој пат направив супер комбинација. Набавив Twister прелив од карамела и така се роди идејата да го искористам и да направам ликер. Многу ни се допадна на сите, па затоа овој брз и едноставен рецепт го споделувам со вас. Дефинитивно вреди да се проба!
Се надевам дека преку фотографиите ве инспирирав да го направите, а за сите прашања слободно пишете ми. Ако ви требаат испробани рецепти и идеи што вкусно да приготвите, разгледајте ги моите профили на Facebook и Instagram и следете ме. Бидете поздравени и гответе со љубов!“ – вели Марија Кочовска.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен чоколаден ликер со чоколадо и ванила.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.