Како да направите леб ако немате квасец? Катерина од нашиот тим ни сподели одличен рецепт за брз леб со сода од 4 состојки. Таа вели: „Лебот е превкусен сам од себе и e со крцкава кора кога е топол. Кога ќе се излади е малку влажен во текстурата споредено со обичен бел леб, па не мора да се чува во најлонска ќеса. Трае до неколку дена и не се расипува“.
„Подготовката е брза и едноставна и може да го направи секој. Им препорачувам на сите да го испробаат. “ – додава Катерина Шамбевска Спасеновска, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

Состојки:
- 3 и 1/2 чаши брашно
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче сода
- 1 и 1/2 чаша Кораб јогурт.
Подготовка:
- Во подлабок сад ставете ги сите состојки. Замесете меко и мазно тесто.
- Тестото поделете го на 3 делови. Од секој дел формирајте векна.
- Векните наросете ги со малку брашно и со нож засечете ги на 4-5 места. Покријте ги со кујнска крпа и оставете ги околу 20 минути да нараснат.
- Векните ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 220 степени, 35-40 минути, додека добијат убава боја.
Совети плус:
- За 3 големи векни направив дупла доза од состојките.
- По желба, лебот може да се испече во тркрлазна форма (целото тесто во едно парче, исто засечено од горе на неколку места).
- Предлог тема да прочитате: Јогурт и кисело млеко за подобар метаболизам, расположение и здрав имун систем.
Препорака од авторот:
На крај, ако ви се допадна мојот рецепт и љубовта со која ја припремам и прикажувам храната, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:
- Instagram: @katerina.shambevska
- Facebook: Katerina Sambevska Spasenovska.
Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Крем салата и сос за сите сезони – брзо, свежо и вкусно.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.