Брз сос од мелено месо за тестенини – од кујната на Марија Кочовска

Кога е време за ручек или вечера, сите сме во потрага по брзи и вкусни рецепти. А тие рецепти се оние кои ми се први на листата кога треба нешто вкусно да се прави. Се сетив да направам шпагети од тиквички и ги послужив со овој брз сос од мелено месо. 

Изборот е ваш, може да ги послужите со тестенини по избор, пире или ориз. Наведените состојки се доволни за 2-3 порции. 

Брз сос од мелено месо

Состојки:

  • 450 г мелено месо од Агриа
  • 1-2 лажици масло
  • 1 лажица кромид во прав
  • ½ лажица мешан зачин
  • Сол и мелен црн пипер по вкус
  • 1-2 чаши пасата, пасирани домати или домашен кечап. 

Подготовка:

  1. Во поголема тава на оган го ставаме маслото да се загрее. Во загреаното масло го додаваме меленото месо и го пропржуваме околу 3-4 минути. Потоа го додаваме кромидот, мешаниот зачин, сол и мелене црн пипер по вкус. 
  2. Пропржуваме уште 3-4 минути. 
  3. На крај ја додаваме пасатата. Доколку сакате погуст сос, ставете 1 чаша, за потечен додајте 2 чаши пасата. Оставете го сосот да крчка уште 5-6 минути. 
  4. Послужете со тестенини, пире или ориз по желба. На здравје!

Препорака плус:

  • Секогаш кога набавувам намирници избирам да бидат домашни и со врвен квалитет. Често набавувам месо од месарницата на Агриа. Месото е секогаш свежо, домашно, квалитетно, а ја поддржувам и македонската економија. Месото од Агриа може да се најде во Тинекс и Рамстор маркетите. 
мелено месо агриа

И за крај, ако ти се допадна овој рецепт и сакаш да погледнеш повеќе идеи, посети ги моите профили и заследи ме:

Може да те интересира: Макарони со ќофтиња од мелено месо во сос.

*Рецептот е поддржан од Агриа.

Сподели: