И оваа есен нека ви биде исполнета со тестирање на нови рецепти за зимница, а денес ние ви даваме еден предизвик. Направете домашен сенф со бело вино!
Досега сме објавиле рецепти за домашен мајонез готов за 5 минути и домашен кечап без конзерванси, а сега листата за збогатуваме и со рецепт за сенф. Основата на сенфот ја прави семето од синап, па тоа е најважно да го набавите. Другите состојки се лесно достапни и може да се најдат во секој маркет.
Состојки:
- 60 грама семе од синап
- 1 чаша бело вино
- ½ чаша бела киселина
- ½ чаша вода
- 2 мали лажички мед
- ½ лажичка мелени зачини
- сол по вкус.
Подготовка:
- Семките од синап ставете ги во длабок сад. Залијте ги со виното, киселината и водата. Оставете ги преку ноќ.
- Семките заедно со течноста ставете ги во блендер, додајте мед, зачини и посолете по вкус. Миксирајте додека добиете густ сенф.
- Доколку сенфот е многу густ може да го разредите со една од течностите (вода, киселина или вино).
- Готовиот сенф ставете го чиста, стерилна тегла и чувајте го во фрижидер. Послужете го со месо, хот дог, сендвичи или сирење, по желба. На здравје!
Совет плус: Во сенфот може да додадете од вашите омилени зачини како босилек, црн пипер, мајчина душица и оригано. Имате ли правено домашен сенф? Споделете го рецептот со нас!
Ви предлагаме да прочитате: Домашен сос со сенф, лук и рузмарин.