домашни меки переци

Домашни меки переци

Имаме нов рецепт за меки, но крцкави переци, чиј вкус потсетува на варени ѓевречиња. За да ги направите потребни ви се неколку едноставни состојки и малку слободно време, а сигурни сме дека целото семејство ќе се радува на топлите печени переци.

Од наведеното тесто може да направите различни форми, како традиционалните переци, козињак (милиброд) или да формирате кифлички како што се прикажани на сликата. На вас оставаме да ја одберете формата која ви е најлесна за подготовка, а рецептот е следниот:

домашни меки переци

Состојки:

  • 1 ½ чаша топла вода
  • 1 лажица шеќер
  • 2 мали лажички сол
  • 1 ќесичка сув квасец
  • 4 ½ чаши брашно
  • 4 лажици растопен путер
  • масло по потреба
  • 10 чаши вода
  • 2/3 (80 грама) чашa сода бикарбона
  • 1 големо јајце изматено со 1 лажица вода.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ја топлата вода, шеќерот и солта. Додајте го квасецот, измешајте и оставете квасецот да нарасне за време од 5 минути.
  2. Потоа, во садот додајте го брашното, растопениот путер и мешајте со миксер за тесто за да се соединат состојките, за време од 4 до 5 минути. Доколку немате миксер за тесто, може и рачно да го месите тестото.
  3. Тестото извадете го од садот, а потоа садот измијте го и премачкате го со масло. Вратете го тестото во садот за месење, прекријте го со транспарентна фолија и ставете го на топло место за време од 1 час или додека тестото двојно нарасне.
  4. Загрејте ја рерната на 235 степени.
  5. Во плех ставете намрсена хартија за печење.
  6. Измешајте 10 чаши вода со сода бикарбоната во тенџере. Тенџерето ставете го на оган, за водата да зоврие.
  7. Во меѓувреме, тестото поделете го на 12 делови. Секој дел обликувате го во форма на јаже, а потоа обликувајте переци по желба. Доколку тестото ви се лепи, ставете масло на рацете.
  8. Секој перек ставете го во зовриената вода да вари за време од 30 секунди, а потоа ставете го во тавата за печење. Переците премачкајте ги со изматеното јајце и наросете ги со сол.
  9. Печете ги додека добијат убава румена боја. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за домашни переци.

Сподели: