Намазите се наша слаба страна, а кога се послужени со парчиња топол леб, ретко кога кажуваме не. Така, секоја идеја е секогаш добредојдена. Овој пат, на предлог на Диана, го објавуваме рецептот за ирскиот намаз од сирење и печурки.
Потребно е кратко време за подготовка, а резултатот може да го видите на фотографиите. Го препорачуваме за сите, но бидејќи се прави со козјо сирење е погоден и за децата.

Состојки:
- 1 лажица масло
- 1 главица кромид, ситно сечкан
- 1 чешне ситно сечкан лук
- 175 грама ситно сечкани печурки
- 225 грама меко козјо сирење или микс од сирења
- 1 лажица сенф
- 1 лажица ситно сечкан магдонос
- сол и мелен црн пипер.
Подготовка:
- Во тава на оган се става маслото да се загрее. Во загреаното масло се ставаат лукот и кромидот да се запржат за време од 2 минути, додека омекнат.
- Во запржените зеленчуци се додаваат печурките и се пржат за време од 3 до 4 минути, додека омекнат и течноста која ја пуштиле испарила од тавата.
- Тавата се трга од огнот и се додава смесата од меките сирења, сенфот, магдоносот и пресно мелениот црн пипер. Се меша околу минута до две за да почнат да се топат сирењата. Доколку е потребно, тавата повторно се враќа на оган, но да не се претопли намазот.
- Готовата смеса се става во правоаголен калап кој може да се обложи со најлонска фолија. Се остава да се излади. Потоа калапот се витка со најлонска фолија и се става во фрижидер најмалку 2 часа или преку ноќ, за да се стегне. По желба, пред служење намазот може да се полие со ароматизирано масло.
- Предлог за сервирање: бадеми, сирење и печен леб.
Ви предлагаме да прочитате: 5 здрави и испробани рецепти за посни намази.