Препечен леб со путер – звучи совршено зар не? Доколку и на вас омилен појадок ви е двопек со путер, тогаш сигурно ќе го обожавате овој рецепт. Како ви звучи идејата сами дома да си направите домашен путер? Примамливо зар не?
Убавото кај овој путер е тоа што е воздушест, нежен и мек. А дополнително ни се допадна и затоа што може да го зачиниме и да додадеме вкусови по желба. Па така, може да го зачиниме со рузмарин, пипер или било кој друг зачин по вкус. Во продолжените прочитајте ги инструкциите и погледнете го краткото видео.
Состојки:
- 3 чаши полномасна течна павлака за готвење
- 1 мала лажичка сол
- 5 лажици ладна вода.
Начин на подготовка:
- Во процесор за храна или сад за матење ставете ја полномасната павлака и матете ја за време од 4 минути со најголема брзина. Се препорачува да се користи што е можно помрсна павлака за да излезе поголема количина на путер.
- Штом забележите дека путерот се формира додајте неколку лажици ладна вода со цел да се одвои млекото од путерот.
- Продолжете со матење уште неколку минути.
- Откако целосно ќе се оддели путерот од млекото процедете го со помош на цедалка. Потоа со раце дополнително истиснете ја течноста од него. Млекото кое ќе се оддели може да се искористи за подготовка на некои рецепти и истото може да се чува во фрижидер до 2 недели.
- Добиениот путер посолете го по вкус. По желба може да додадете и некој зачин.
- Готовиот домашен путер чувајте го во фрижидер и искористете го во период од 8 недели.
- Сервирајте го со парче домашен препечен леб. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Домашен путер од кокос – намаз.