Популарната капрезе салата во нова варијанта и уште подобар вкус! За љубителите на италијанската кујна, оваа капрезе салата со рукола, маслинки и песто ќе им дојде како ново гурманско уживање.
Инспирирани од вкусот на оригиналната капрезе салата, приготвивме нов рецепт. Наведените состојки се доволни за 2 чинии, а по желба количината може да ја менувате и прилагодите на вашиот вкус. Песто сосот може да го направите дома, по нашиот испробан рецепт.

Состојки за 2 чинии:
- 2 големи свежи домати
- 200 грама моцарела
- неколку листови рукола
- 8-10 маслинки
- песто сос од босилек.
Подготовка:
- Доматите ги сечкаме на кругови со дебелина од околу 5 мм.
- Моцерелата исто така ја сечкаме на кругови со дебелина од 5 мм.
- Во чинија за сервирање, наизменично редиме парчиња домати и моцарела сирење.
- Во средината на чинијата ставаме маслинки и листови рукола. На крај врз салатата нанесуваме песто сос. Уживајте во вкусот на италијанската кујна, на здравје!
Ви предлагаме да прочитате Мини капрезе салата – идеална за свечена трпеза.