Оваа кинеска салата со ориз е многу популарна низ Македонија, а на многумина им е омилена кремаста салата. Рецептот е повеќе пати испробан во кујната на Клара, па штом ви се јаде освежителна кремаста салата со ориз, ова е одличен избор за вас.
Кинеската салата традиционално се приготвува со варен ориз, кисели краставички, бело сирење, лук и павлака. Брза е и лесна за подготовка, а не содржи глутен.
Состојки:
- 1 чаша ориз, варен и цеден
- 100 гр кашкавал
- 100 гр салама
- 150 гр бело сирење
- 5-7 кисели краставички
- 100 гр ореви
- 2-3 чешниња лук (може да користите лук во прав по желба)
- 2 кисели павлаки
- сол по вкус.
Подготовка:
- Оризот, исчистете го и сварете го. Постапката за најбрзо варење на ориз по рецепт на Џејми Оливер, прочитајте ја тука. Варениот ориз исцедете го.
- Кашкавалот, саламата и киселите краставички исечкајте ги на мали коцки.
- Белото сирење издробете го со виљушка.
- Оревите сомелете ги.
- Чешнињата лук исчистете ги. Трикот за најбрзо лупење на лукот погледнете го тука. Исчистените чешниња лук ставете ги во сад за толчење. Истолчете ги.
- Во длабок сад ставете го варениот цеден ориз, исечканиот кашкавал, салама, кисели краставички, дробеното сирење, мелените ореви и толчениот лук. Добро измешајте ги состојките, а потоа додајте ја едната павлака. Уште еднаш измешајте ја салатата, ставете ја во помали чинии, премачкајте ја со павлака и украсете по желба. Приготвената кинеска салата чувајте ја во фрижидер до служењето. На здравје!
Рецептот го испратил: Клара Бос