Досега сме пишувале повеќе рецепти за маринада за месо, но што е со зеленчукот кој сакате да го приготвите на скара? Бидејќи сме големи обожаватели на ражничи, решивме да побараме добар и испробан рецепт за маринада за зеленчук.
На вас останува да го изберете омилениот зеленчук и во прва пригода да го пробате оваа маринада. А ако сакате подетално да се запознаете со маринирањето на месото и зеленчукот ви предлагаме да прочитате: Што претставува маринадата и зошто се користи при припрема на месото?

Состојки:
- 2/3 чаша маслиново масло
- 1/3 чаша оцет балсамико
- ½ главица кромид со средна големина
- 2-3 листови свеж босилек
- 1 чешне лук
- ½ мала лажичка сол
- ¼ мала лажичка мелен црн пипер.
Подготовка:
- Кромидот ситно исечкајте го.
- Чешнето лук ситно исечкајте го, а најдобро е да користите кујнска алатка за сечкање лук.
- Босилекот исечете го на мали ленти.
- Во длабок сад ставете ги маслото, оцетот, кромидот, лукот, босилекот, солта и црниот пипер. Измешајте ги состојките.
- Во садот додајте сечкан зеленчук и измешајте. Садот покријте го со фолија или капак и оставете го во фрижидер за време од 3 до 4 часа.
- Потоа, маринираниот зеленчук испечете го на скара. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Основна маринада за скара.