Обожаваш гиро и сакаш да си направиш дома со прилог по твој вкус? – Ако одговорот е да, ти си на вистинското место! Го имаме најдобриот рецепт за подготовка на домашно гиро со свинско месо, а штом го пробаш, пиши ни како ти се допадна!
Ова домашно гиро со свинско месо и сос, подготвено во комбинација со помфрит и зеленчук, е одличен оброк за сите обожаватели на ваков тип на оброци. Подготовката е лесна и едноставна, а уживањето во неодоливиот вкус ќе ве натера повторно и тоа за многу кратко време, да си го направите пак.
Состојки:
За 4 лица:
- 500 г свински шницли од Агриа
- 1 помала главица кромид
- 2-3 чешниња лук
- 1 лажица сенф
- зачини: ким, оригано, босилек, мајчина душица, мелен црвен пипер, чили
- масло по потреба.
Дополнително:
- 4 пити за гиро
- помфрит по желба
- ѕаѕики (ако ви треба рецепт имате тука) или друг бел сос по желба.
Подготовка:
- Исечете го свинското месо на тенки ленти и ставете го во сад. Додајте ги зачините, една лажица сенф и една лажица маслиново масло. Убаво измешајте и оставете да отстои околу 10 минути.
- Лукот и кромидот ситно исечкајте ги. Во тава со загреано масло кратко пропржете ги.
- Додајте го месото и пржете додека убаво порумени. Повремено мешајте.
- Откако месото ќе добие убава боја, тавата тргнете ја од оган.
- Ставете од приготвеното месо.
- Додајте домати, марула, неколку кришки кромид или друг зеленчук по избор.
- На крај додајте од претходно приготвениот ѕаѕики сос и по желба помфрит. На здравје!
Наша препорака:
Домашно подготвеното гиро е секогаш повкусно, бидејќи кога јадењата се подготвуваат со љубов и внимателно избрани состојки, крајните резултати секогаш се воодушевувачки. А за да бидете сигурни дека сте го направиле вистинскиот избор на намирници ви предлагаме да ги посетите месарниците на Агриа во Битола, Штип и Велес, како и во Тинекс и Рамстор маркетите. Во нивните месарници може да најдете свежо месо од домашно производство кое се должи на принципот „од нива до трпеза“. Долгогодишното искуство и постојаниот квалитет ги прават Агриа еден од најдобрите македонски производители на свинско месо. Набавете месо со врвен квалитет и уживајте во вистински специјалитет направен од вашите раце! А за сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.
Ви препорачуваме да прочитате: Свински ражничи со печурки и зеленчук.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Поддржан рецепт.