овчарска пита

Овчарска пита по рецепт од Гордон Ремзи

Сте ја пробале ли популарната овчарска пита? Оваа пита која е обожавана во светски рамки претставува традиционално англиско јадење кое се припрема од месо и пире од компири.

Овчарската пита се спомнува во далечната 1791 година, како јадење за сиромашните селани, но нејзиниот фантастичен вкус бил прифатен насекаде во светот, со што ја добила својата популарност. Најчесто се прави со телешко или јагнешко месо, а еден од најдобрите рецепти за овчарска пита ни претставува познатиот шкотски готвач Гордон Ремзи. За да направите највкусна овчарска пита, погледнете го краткото видео и следете ги инструкциите на искусниот готвач.

Состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 900 грама мелено телешко месо
  • сол и црн пипер
  • 2-3 средни главици рендан кромид
  • 2 рендани моркови
  • 2 чешниња рендан лук
  • 5 лажици ворчестер сос
  • 4 лажици доматно пире
  • 1 чаша црвено вино
  • свежа мајчина душица
  • свеж сечкан рузмарин
  • 1 чаша пилешки бујон
  • 1 кг варени компири
  • 2 жолчки
  • 6 лажици рендан пармезан.

Подготовка:

  1. Во голема нелеплива тава на оган, на висока температура ставете го маслото да се загрее. Во загреаното масло додајте го меленото месо, посолете и зачинете го со мелен црн пипер. Месото пропржете го додека добие убава кафеава боја.
  2. Во тава додајте го ренданиот кромид и измешајте. Потоа, додајте ги ренданите моркови и продолжете со пржењето. Во тавата додајте го ренданиот лук, измешајте и кратко пропржете ги состојките.
  3. Температурата намалете ја и додајте ги ворчестер сосот, доматното пире, црвеното вино, листовите свежа мајчина душица, сечканиот рузмарин. Динстајте ги за време од неколку минути, додека количината на течност се намали за половина.
  4. Во тавата додајте го пилешкиот бујон и динстајте за време од 3 до 4 минути.
  5. Компирите испасирајте ги. Во садот со компири додајте ги жолчките, посолете и зачинете со мелен црн пипер. Измешајте ги со дрвена лажица за да се добие хомогена смеса. Во садот со компири додајте 3 лажици рендан пармезан и измешајте.
  6. Во керамички сад за печење ставете ја смесата со мелено месо. Врз неа нанесете го пирето од компири, израмнете и наросете со преостанатиот пармезан.
  7. Тавата ставете ја да се пече во загреена рерна на 180 степени за време од 18 до 20 минути. Печената овчарска пита извадете ја од рерната и послужете ја додека е топла. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Мусака од пире.

Сподели: