Направете омлет со компири во шпански стил. Интересна комбинација на зеленчук, компири, сирење и јајца. На блогот Trydiani го пронајдовме овој рецепт и се надеваме дека ќе ви се допадне и вам. Омлетот може да го послужите за појадок или вечера.
Состојки:
- 1 ½ чаша компири
- ¼ чаша златна мешавина (грашок, морков, пченка)
- 2 лажици масло
- 1 страк млад кромид
- 2 јајца
- ¼ чаша сирење
- гранче шери домати
- 1 чешне лук
- 1 лажица свеж магдонос
- сол и црн пипер по вкус
Подготовка:
- Компирите се чистат и се ставаат во тенџере на оган да се варат. Ако компирите се поголеми се сечкаат на коцки, а ако се помали се оставаат цели. Полуварените компири се тргаат од огнот.
- Кромидот и лукот ситно се сечкаат.
- Златната мешавина се става во тенџере на оган. Во тенџерето се додава вода и се остава да вари за време од 10 минути. Потоа зеленчукот добро се цеди.
- Во тава се става 1 лажица масло да се загрее. Во загрееното масло се додаваат белиот дел од кромидот и златната мешавина. Кратко време се запржуваат, а потоа во тавата се додаваат и компирите.
- Јајцата се матат и во нив се додава зелениот дел од кромидот, сирењето, сол и црн пипер по вкус.
- Во тавата се додаваат јајцата и омлетот се поклопува со капак. Штом јајцата ќе се запржат, омлетот се превртува од другата страна и се остава да се запржи.
- Во тава на оган се става 1 лажица масло да се загрее. Во тавата се додаваат шери доматите, пресечени на половина, ситно сечканиот лук и кратко време се пропржуваат. Штом доматите омекнат се поставуваат врз готовиот шпански омлет. Пред сервирање омлетот се попрскува со свежи зачини. Омлетот може да го послужите со зелена салата.
