Печено свинско месо со мариниран кромид

Печено свинско месо со мариниран кромид – специјалитет на лесен начин

Печено свинско месо со мариниран кромид! Звучи примамливо, зарем не?! – Ако досега не сте направиле ваков ручек, сега е вистинското време за тоа. А ако сте пробале и знаете друг рецепт, слободно споделете го со нас во групата на Сѐ за храна.

Погледнете што ви е потребно, засукајте ги ракавите и изненадете ги дегустаторите околу вас со нов превкусен специјалитет. Денес ви предлагаме да го пробате овој рецепт за печено свинско месо со мариниран кромид.

Печено свинско месо со мариниран кромид

Состојки:

  • 1 кг свинско филе од Агриа
  • 6 главици кромид.

За маринада:

  • 300 мл вода
  • 40 мл оцет
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол.

Подготовка:

  1. Свинското месо измијте го и исечкајте го на коцки. Ставете го во посебен сад.
  2. Изрендајте 1 главица кромид и додајте ја во садот со месото. Зачинете со сол и црн пипер по вкус и убаво измешајте. Покријте го садот со најлонска фолија и оставете го да постои на страна.
  3. Преостанатиот кромид исчистете го и исечкајте го. Ставете го во сад и прелијте го со вода оцет. Ставете сол и шеќер и измешајте. Оставете го кромидот да се марнира 10-15 минути. Потоа, процедете го.
  4. Огноотпорниот сад премачкајте го со малку масло, а потоа распоредете го маринираниот кромид. Врз кромидот ставете го месото и покријте го садот со алуминиумска фолија или капак.
  5. Ставете го да се печи во претходно загреана рерна на 220 степени околу 1 до 1 и пол час, зависно од рерната.
  6. Готовото месо сервирајте го со гарнир по желба и послужете го. На здравје!

Наша препорака:

  • За да подготвите совршено вкусно печено месо кое ќе го обожаваат сите, најважно е да изберете проверен квалитет. А кога станува збор за свежо месо наш прв избор се Агриа. Ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа во Битола, Штип и Велес, како и во Тинекс и Рамстор маркетите. Во нивните месарници може да најдете свежо месо од домашно производство кое се должи на принципот „од нива до трпеза“. Долгогодишното искуство и постојаниот квалитет ги прават Агриа еден од најдобрите македонски производители на свинско месо. А за сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.
Печено свинско месо со мариниран кромид

Ви препорачуваме да прочитате: Едноставен рецепт за печено свинско месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: