пилешка крем супа со компири

Пилешка крем супа со компири

Време е за нов рецепт и ново гурманско дегустирање! Те предизвикуваме да го испробаш рецептот за вкусната пилешка крем супа со компири. А кој би одбил чинија топла супа и парче печен интегрален леб?  

Може да ја послужиш за ручек или вечера. Гарантираме дека штом еднаш ќе го направиш рецептот, ќе биде дел од твоите омилени јадења.  

пилешка крем супа со компири

Состојки:

  • 1-2 лажици маслиново масло
  • Сол, мелен црн пипер, ориганo
  • 500 г пилешки стек
  • ½ чаша бело вино
  • 2 лажици путер
  • 1 главица кромид
  • 1 чаша сечкани моркови
  • ¼ чаша сечкан целер
  • 2 чешниња лук
  • ¼ чаша Екстра бело брашно од Жито Лукс
  • 5 чаши пилешки бујон
  • 1 чаша течна павлака за готвење
  • 500 г компири.

За сервирање:

состојки за пилешка крем супа

Подготовка:

  1. Парчињата пилешки стек зачинете ги со сол, мелен црн пипер и оригано. 
  2. Во поголемо тенџере ставете маслиново масло да се загрева. Во загреаното масло додајте го пилешкото и пропржете го 3-4 минути по страна. Извадете го од тавата и оставете го да отстои 10 минути, а потоа исечете го на коцки. 
  3. Во тенџерето додајте го виното. Измешајте и оставете го да се вари на средна температура околу 4 минути. Потоа додајте го путерот. Штом путерот се растопи додајте ги кромидот, морковите и целерот. Пропржете ги 5-6 минути. Додајте го лукот и зачинете со сол, мелен црн пипер, оригано, сушен магдонос по вкус. Продолжете со пржењето уште 1 минута. Додајте го брашното и пропржете го 2 минути. 
  4. Во тенџерето постепено додавајте од пилешкиот бујон и мешајте. Додајте ја и течната павлака. Штом течноста зоврие, намалете ја температурата и додајте го пилешко. Варете ја супата 15-20 минути. 
  5. Компирите исечкајте ги на мали коцки и додајте ги во супата. Продолжете со варењето уште 15 минути додека компирите омекнат. 
  6. Во меѓувреме пригответе ги парчињата леб. Во грил или обична тавата ставете го путерот да се растопи. Додајте ги лепчињата и зачинете ги со сол, оригано и лук во прав. Печете ги од двете страни по 1-2 минути. 
  7. Крем супата послужете ја со печените лепчиња. На здравје!

Совети плус:

Новите лебови, освен што може да ги искористиш како додаток со супата, одлични се и за подготовка на здрави оброци. Погледни ги рецептите:

*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.

Сподели: