Време е за домашен Food Corner! Летото е идеално за дружба со домашни пилешки бургери кои се превкусни! Толку меки и сочни! Месото се приготвува со печење, а за 30-тина минути ќе имате бугери за целото друштво.
Имаат помал број на калории, се прават брзо, а верувајте ќе бидат омилени на вашата трпеза. Крцкави од надвор, а сочни од внатре! Снимив и видео од подготовката и те предизвикувам да ги испробаш во прва прилика.

Состојки:
- 4 бургер пченички земички од Жито Лукс
- ½ чаша Екстра бело брашко
- 1 мала лажичка димена пипер (во замена може да се користи црвена пипер)
- ½ лажичка лук во прав
- ½ лажичка кромид во прав
- Сол
- 2 парчиња пилешки стек
- 50 г корнфлекс
- 2 јајца
- Масло по потреба
- 4 листови марула
- 1 домат исечкан на кругови
- 4 листови кашкавал (чедар)
- 1 лажица путер.
За бургер сос:
- 4 лажици мајонез
- 4 лажици кечап
- 2 лажици сенф.
Подготовка:
- Во длабока чинија ставете ги брашното, пиперот, лукот и кромидот во прав. Посолете и измешајте.
- Пилешкиот стек пресечете го на половина, а потоа исечете го уште еднаш, така што ќе добиете 3-4 парчиња (во зависност од големината). Погледни го видеото за начинот на сечење.
- Корнфлексот измелете го или истолчете го на помали парчиња.
- Јајцата изматете ги со виљушка.
- Парчињата пилешкиот стек ставете ги во садот со брашното и убаво обложете ги. Потоа додајте ги во садот со јајцата, а на крај обложете ги со корнфлексот.
- Ставете ги во тава обложена со хартија за печење. Попрскајте го со малку масло и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени. Печете 18 до 20 минути.
- Во меѓувреме подгответе го сосот. Во мала чинија ставете ги мајонезот, кечапот и сенфот. Измешајте ги.
- Земичките пресечете ги на половина. Во тава на оган ставете малку путер да се растопи. Потоа додајте ја земичката и кратко потпечете ја. Постапката повторете ја со сите земички.
- Печниот стек извадете го од рерната. Врз секое парче ставете еден лист кашкавал.
- Врз едната половина на земичката ставете од сосот, лист од марула, парче домат, крцкаво пилешко и лист од кашкавал. Другата половина премачкајте ја со сос и ставете ја врз пилешкото. Уживајте во превкусните бургери!
Совети плус:
- За пикентен вкус во бургер сосот може да додадете 1 лажица срирача или чили.
- За подготовката ги користев новите бургер земички од Жито Лукс. Превкусни се! Меки, засечени, па нема да се искршат при сечењето. Ги пробавме и за тостови, и за тоа се екстра. Ги препорачувам на сите!
- И за крај може да бидеш креативен и да направиш бургер по твој вкус. Додај кисели краставички, свежи краставички, кромид…

И за крај, ако ти се допадна овој рецепт, посети ги моите профили на социјалните мрежи и заследи ме:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Ако разгледуваш идеи за бургери и сендвичи, погледни го рецептот: Од кујната на Катерина Ш. Спасеновска: Брзи краставица сендвичи и мезе залчиња.
*Рецептот е поддржан од Жито Лукс.