Уште на прв поглед и прв залак ќе се заљубите! Шаренило од бои и интересна комбинација на состојки кои ветуваат гурманско доживување. За сите љубители на егзотични вкусови имаме одличен рецепт! Првата можна прилика пробајте го вака стокменото јадење – пилешко филе со ориз и зеленчук во светски популарниот Буда стил ќе го обожаваат и децата и возрасните!
Ова јадење е вкусно и популарно во светот, па мислевме дека е добра идеја да го пренесеме и кај нас. Има различни варијации, а оваа што ја избравме се подготвува со пилешки гради, ориз, наут, авокадо, лук, зелка и црвен пипер. Не чекајте, набавете ги состојките и право во кујна. А за уште поголемо уживање во овој оброк ви предлагаме да го послужите со чаша бело вино. Нема да погрешите, гарантираме!

Состојки:
- 100 г пилешки гради
- 1/2 чаша варен наут
- 1 тенко исечкана црвена пиперка
- 1/2 авокадо
- 1-2 лажици ладно цедено масло од маслодајна репка од Фила
- 1 лажичка ситно сечкан ѓумбир
- 1 лажиче црн сусам или чиа семе
- 1/2 лажиче лук во прав
- 1/2 чаша претходно варен ориз
- 1/2 чаша дробена црвена зелка
- 1/4 главица сечкан кромид на кришки
- 1/2 чаша рукола
- 1 лажица соја сос
- 1 лажиче ситно сечкан лук
- 1/2 лажиче чили во прав
- 3 цветови варена брокула
- 1/2 домат сечкан на парчиња.
За маринирање:
- 2 лажички сок од лимета
- 2 лажички мелен црн пипер
- сол по вкус.
За декорација:
- прстофат црн сусам или чиа семе
- 2-3 тенки кругови лимон или лимета.
Подготовка:
- Измијте ги пилешките гради и премачкајте ги со малку сок од лимета, сол и мелен црн пипер. Оставете ги да се маринираат околу 30 минути во покриен сад.
- Обложете тава со хартија за печење. Насечете го филето на покрупни парчињата и ставете ги да се печат во загреана рерна околу 15 минути на 180 степени или или печете го цело парче, но малку подолго, додека зарумени убаво.
- Во меѓувреме, во сад на оган ставете го маслото да се загрее. Во загреаното масло ставете ги сечканиот лук и ѓумбирот и пржете ги кратко. Додајте го сварениот наут и убаво измешајте.
- Во сад подгответе прелив од соја сосот и зачинете со сол, црн пипер, чили и лук во прав. Додајте во преливот 1-2 лажици ладно цедено масло од маслодајна репка.
- Авокадото исечкајте го на парчиња последно за да не потемни.
- Во средина ставете го варениот ориз, а наоколу наредете ги останатите состојки. Прелијте ги со припремениот прелив. Декорирајте со црн сусам и парчиња лимон. Послужете и нека ви е на здравје!
Нутритивна анализа:
Од наведените состојки ќе добиете 2 порции на вкусен оброк. Секоја порција содржи 341 калорија, 18 г протеини, 26 г јагленихидрати, 18 г масти. Овој оброк е богат со протеини, растителни влакна и витамин Ц. Деталната нутритивна анализа, погледнете ја во следната табела.

При подготовката препорачуваме да користите ладно цедено масло од маслодајна репка, кое има бројни придобивки. Го зајакнува имунолошкиот систем, што е од голема корист во есен, го обезбедува телото со енергија и помага за превенција од канцер. Богато е со витамин Е, како и омега-3, 6 и 9 есенцијалните масни киселини кои му се неопходни на организмот. Ова масло може да го набавите во поголемите маркети или да го нарачате од онлајн продавницата на Фила.

За сите новости и акции, заследете ја Фила на Facebook – ФИЛА МАСЛО и Instagram – @fillacoldpressedoils.
А ако сте љубители на здрави рецепти, испробајте ги печените ќофтиња од брокула и просо со ленено семе кои ги приготви Марија од нашиот тим.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Рецептот е поддржан од Фила.